Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование

Јавен повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование

 

Врз основа на член 18 став (1) од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/25) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование

 

Предмет на јавниот повик:

 

I.Доставување барања за одобрување учебник по странски јазик во основно образование, за следните наставни предмети:

1. Англиски јазик (прв странски јазик) за I одделение на деветгодишно основно образование,

2. Англиски јазик (прв странски јазик) за II одделение на деветгодишно основно образование,

3. Англиски јазик (прв странски јазик) за III одделение на деветгодишно основно образование,

4. Англиски јазик (прв странски јазик) за IV одделение на деветгодишно основно образование,

5. Англиски јазик (прв странски јазик) за V одделение на деветгодишно основно образование,

6. Англиски јазик (прв странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

7. Англиски јазик (прв странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

8. Англиски јазик (прв странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

9. Англиски јазик (прв странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,

10. Италијански јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

11. Италијански јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

12. Француски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

13. Француски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

14. Француски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

15. Француски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,

16. Руски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

17. Руски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

18. Руски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

19. Руски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,

20. Германски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

21. Германски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

22. Германски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

23. Германски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование.

 

Барањето за одобрување учебник по странски јазик од точката I. од овој Јавен повик, може да поднесе издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапник во Република Северна Македонија, со најмногу еден учебник за одделение за еден наставен предмет за странски јазик.

 

II. Барање со потребната документација:

Законскиот застапник на странскиот издадвач до Педагошката служба, задолжително доставува:

1. Барање за одобрување учебник по странски јазик за секое одделение поединечно;

2. Назив на странскиот издавач и законскиот застапник на странскиот издавач;

3. Доказ за регистрирана издавачка дејност на законскиот застапник на странскиот издавач од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постар од три месеци;

4. Изјава од странскиот издавач дека е регистриран за издавачка дејност заверена на нотар и преведена од овластен судски преведувач;

5. Ако земјата во која е регистриран странскиот издавач не ги издава документите утврдени во овој јавен повик Педагошката служба прифаќа изјава што странскиот издавач ја заверува кај надлежен орган во државата во која е регистриран;

6. Овластување за застапништво на законскиот застапник во Република Северна Македонија од странскиот издавач, заверено на нотар и преведено од овластен судски преведувач;

7. Договор склучен во државата на странскиот издавач, помеѓу овластениот законски застапник и странскиот издавач дека одобрениот учебник ќе го обезбеди и дистрибуира до важноста на решението од Членот 19 став (10) од Законот за учебници во основно и средно образование, заверен на нотар и преведен од овластен судски преведувач;

8. Пет примероци од учебникот по странски јазик, во печатена форма и еден примерок во електронска форма, без дополнителни работни материјали.

Обврските на законскиот застапник на странскиот издавач се утврдени во член 21 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр 3/25).

III. Рок за доставување на барањата за одобрување учебник по странски јазик:

Рокот за доставување на барања за одобрување учебници по странски јазици е заклучно со 28.03.2025 година.

Заинтересираните странски издавачи и законските застапници на странските издавачи наставните програми и Концепцијата за изработка на учебник може да ги превземат од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk

Барањата кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и кои во прилог немаат комплетна документација од точката II. од овој Јавен повик, нема да бидат разгледувани.

 

Барањaта за одобрување учебник по странски јазик да се достават на следната адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА Бул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar