Енергетска ефикасност во студентските домови

 

Оглас за ангажирање на консултантска фирма за вршење на ревизија на проектна документација за потребите на проектна единица при МОН

- Објава на резултати

 

Јавен повик за ангажирање на експерт – Eлектро инжeнер за потребите на проектот /програмата „Обнова на енергетската ефикасност во студентските домови во Северна Македонија“ (со повеќе информации)

 

Јавен повик за ангажирање на експерти за потребите на проектот /„Обнова на енергетската ефикасност во студентските домови во Северна Македонија“ (со повеќе информации)

 

Општи информации за Проектот/Програмата

 

Проектот/Програмата „Обнова на енергетската ефикасност во студентските домови во Северна Македонија“ се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на избрани јавни објекти во образовниот сектор (државни студентски домови) во Република Северна Македонија; конкретно: зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност во студентските домови. Програмата ќе се фокусира на државните студентски домови во следните градови: Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

 

Заедно со обновата на енергетската ефикасност на зградите и структурното зајакнување, основните мерки за удобност ќе бидат суштински дел од Програмата, како што е реновирање на санитарни инсталации, обнова на електрична опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби, итн. со цел да се подобри средината за живеење и учење за студентите. Покрај тоа, таму каде што е можно, треба да се користи обновлива енергија (фотоволтаична или соларна топлинска енергија). Целокупната цел на Програмата е да придонесе за подобри услови за живеење и учење на студентите. 

 

Министерството за образование и наука е одговорно за спроведување на Програмата.

 

Дизајнот на Програмата се заснова на претходни подготвителни дискусии и средби, особено на Мисијата за изнаоѓање факти и Енергетските ревизии спроведени од германскиот консултант, д-р Харалд Киефер ((Harald Kiefer) во април 2019 година и врз основа на Записникот од средба потпишан на 30.10.2019 за локалната проценка на Програма од 20 до 23 август 2019 година, потпишан помеѓу KfW, МОН и Министерството за финансии.

 Покрај заемот од Германската развојна банка (KfW), Програмата исто така е поддржана со грант од Европската комисија преку Регионалната програма за енергетска ефикасност (Reep Plus) согласно Рамката за инвестиции за Западен Балкан („РИЗБ“).

Oбјава на резултати од постапката за ангажирање на консултатска фирма за комуникација и видливост на активностите на проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови во Северна Македонија“ (Procurement number : 509720) 15.3.2024
 
Постапка за ангажирање на консултатска фирма за комуникација и видливост на активностите на проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови во Северна Македонија“ 24.11.2023
 
Резултати од тендер за претквалификација за Проект за енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови во Република Северна Македонија 05.12.2022
 
Јавен повик за ангажирање на експерт – Машински инжeнер за потребите на проектот /програмата „Обнова на енергетската ефикасност во студентските домови во Северна Македонија“ 31.8.2022
 
 
 
[ среда, 03 март 2021 ] [ 0 ]