Државен секретар

 

Државен секретар

 

Анета Трпевска

 

М-р Анета Трпевска е родена 28ми декември 1979 година во Скопје.

Дипломирала на Правниот  „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје. 

Како владин стипендист завршува последиломски студии од областа на правото на Европска унија на Правниот факултет во Првиот Приватен Универзитет „ФОН“ -во Скопје.

Кариерата ја започнува во месец август 2002 година во тогашниот Сектор за европски интеграции (денешен Секретаријат за европски прашања) ангажирана преку проект финансиран од страна на програмата PHARE.

Започнувајќи од месец септември 2003 година е во редовен работен однос во Министерството за образование и наука, како Раководител на Одделение за европски интеграции, а подоцна и Државен советник за европски интеграции.

Во периодот од месец  јули 2017 заклучно со месец април 2018 година, беше именувана за Државен секретар на Министерството за образование и наука.

М-р Трпевска има долгогодишно работно искуство во областа на процесот на европски интеграции, креирање и имплементација на политики во образованието и науката, изработка и следење на имплементација на законски акти од дејноста. Исто така таа има посетувано обуки обезбедени и  финансирани од страна на Евроспката комисија, а поврзани со процесот на преговарање со Европската унија, менаџмент на проекти, креирање на политки и др.

М-р Трпевска активно се служи со Англискиот јазик (IELTS Academic B2) , Германскиот јазик (Deutsch als Fremdsprache B1) како и Италијанскиот јазик и во 2016 година е добитник на стипендија за усовршување на Германскиот јазик и култура за административни службеници финансиран од страна на Гете Институтот и Федералната Канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

[ 5632 ]