Политика за квалитет

 

Политика за квалитет

 

МИСИЈА: Обезбедување квалитетен воспитно - образовен процес, преку примена на современи методи на учење, критичко размислување и интегрирање на информатичка технологија и дигитални вештини во наставата, поддршка на самостојноста на ученикот * ,  во процесот на стекнување на знаења, вештини и ставови, за нивна практична примена во реалниот животен контекст,  креирање на култура на доживотно учење, воедно вложувајќи во континуиран развој на научно-истражувачката дејност

 

ВИЗИЈА: Придонес во развивањето на европските образовни вредности преку обезбедување на сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон „ученикот“ * . Создавање на конкурентен национален образовен систем заснован на современи програми што овозможуваат  стекнување со  знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество, пазарот на трудот и новите предизвици во глобалниот научно-технолошки амбиент. Инвестициите во квалитетен образовен систем ќе бидат основа за забрзувањето на темпото на економски раст и поддршка кон определбите за вклучување во научно – истражувачки и иновативни процеси.

 

Министерството за образование и наука, определува и делува во остварување на целите за квалитет, согласно следните основни постулати:

 

ØСтремеж кон подигање на квалитетот на образовните и научните институции и градење механизми за нивно ефективно и ефикасно делување

 

ØИмплементација на сите позитивни промени во образовната и научната сфера со цел да се намали невработеноста и да се генерираат квалитетни кадри

 

ØЗасилување и унапредување на меѓународната соработка во сферата на образованието и науката.

 

ØПодигање на нивото на образованието кај младите со посебен акцент на зголемување на квалитетот на нивното знаење.

 

ØПоддржување на образовна рамноправност, односно образование за сите граѓани.

 

ØПримена на концепт за доживотно учење и обука.

 

ØВоспоставување на динамична врска со пазарот на трудот и потребите на стопанството.

 

ØПромовирање на информатичката писменост како една од клучните компетенции за зголемување на ефикасноста на образовниот систем.

 

ØКонтинуирано подобрување на Системот за менаџмент со квалитет низ постојано усовршување на процесите, со цел задоволување на барањата на нашите заинтересирани страни и барањата на системот за квалитет;

 

ØОдржување на тим од висококвалификуван и мотивиран персонал, водење сметка за одржување на благопријатен творечки амбиент, при што секој извршител е свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на корисниците на услуги и просперитетот на Министерството.

 

ØПримена на процесен приод кон создавањето и одржувањето на системот за управување со квалитет преку идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите на Министерството.

 

*Во овој контекст, под терминот „ученик“ се подразбира секој учесник во воспитно-образовниот процес.

[ среда, 06 март 2019 ] [ 1897 ]