Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / 4ти декември е крајниот рок за достава на договор за ученичка стипендија

4ти декември е крајниот рок за достава на договор за ученичка стипендија

 

Министерството за образование и наука потсетува дека сите средношколци кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година, потребно е најдоцна до 4.12.2020 година да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на добитникот на стипендијата да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите за доделување на ученички стипендии - http://mon.gov.mk/content/?id=3527.  

Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок, ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

[ вторник, 24 ноември 2020 ] [ 1464 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar