Заменик министер

 

Заменик министер

 

ЛУЛЗИМ АЛИУ роден е 1977 година во Кичево. Основното и средното образование ги има завршено во родното место. Во 1999 година при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ги завршува студиите по албански јазик и книжевност. Додека  во 2006г.  го добива звањето магистер по филолошки науки при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, бранејќи ја темата со наслов Gjuha te këngët popullore shqipe të rrethit të Kërçovës [Јазикот во народните албански песни од кичевскиот регион]. На истиот факултет во 2011 ќе ја одбрани докторската дисертација на тема: Kategoritë gramatikore të foljes në romanet e Ismail Kadaresë të përkthyera nga shqipja në maqedonishte [Граматичките категории на глаголот во романите на Исмаил Кадаре преведени од албански на македонски јазик], со која го добива звањето доктор по филолошки науки.

Период од десет години работи во градското основно училиште во Кичево.

Од 2009 година работи / предава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, на Педагошки факултет „Св. Климент Охридскиво Скопје и во текот на тој период бил ангажиран и на Универзитетот во Тетово каде држел предава по предметот по албански јазик.

Во 2020 година е избран во Редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Педагошки факултет Св. Климент Охридскиво Скопје, по предметите: Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца, Компаративна/креативна книжевност, Литературна работилница, за студентите од одделенска и предучилишна настава на албански наставен јазик.

Во 2020г. е избран за раководител на Институтот за предучилишно воспитание при  Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридскиво Скопје.

Во периодот 2014-2018 г. е раководител на втор циклус на студии при  Педагошкиот факултет Св. Климент Охридскиво Скопје, во текот на истиот период е и член на Комисијата за формирање на списокот на училишните лектири за основното образование - Биро за развој на образованието на РСМ.

Од  2000г. е судски овластен преведувач од албански на македонски јазик и обратно.

Во својата плодна професионална кариера ги има објавено следните трудови:

-  Metodika e mësimdhënies së gjuhës shqipe në ciklin e ulët të arsimit fillor (Методика на наставата по албански јазик во основното образование) наставен текст кој се користи за потребите на студентите од Педагошкиот факултет во Скопје, 2019, ISBN 978-608-66370-0-2;   

-  Stratifikimi shoqëror dhe arsimi, (Општествена стратификација и образованието), Focusprint, Скопје, 2020, ISBN 978-608-66370-1-9

-  E folmja e rrethittë Kërçovës, Çabej, Tetovë, 2011, ISBN 978-9989-150-71-5.

-  Kategori të gramatikore të foljes në romanet e Ismail Kadaresë të përkthyera nga shqipja në maqedonishte, тема на докторската дисертација, одбранета на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, 2011. 

Го владее албанскиот јазик (мајчин јазик), македонскиот јазик и другите словенски јазици, како и англискиот јазик.