Заменик министер

 

Заменик министер

 

ЛУЛЗИM АЛИУ роден е 1977 година во Кичево. Основно и средно образование завршил во родното место. Во 1999 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ги завршува студиите по Албански јазик и книжевност, додека во 2006 година се стекнува со звањето магистер по филолошки науки, бранејќи ја темата „Јазикот во народни албански песни од Кичевскиот регион“. На истиот факултет во 2011 ја брани докторската дисертација на тема: Граматичките категории на глаголот во романите на Исмаил Кадаре преведени од Албански на Македонски јазик, стекнувајќи се со звање доктор по филолошки науки.

Во периодот од 2022 до 2023 година е заменик министер за образование и наука на Република Северна Македонија, а од 2023 до 2024 година, продекан за образование на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2009 година работи/предава на  Педагошки факултет Св. Климент Охридски при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, а дополнително е ангажиран и на Универзитетот во Тетово каде реализира настава по предметот Албански јазик.

Во 2020 година се стекнува со наставно - научно звање Редовен професор на Педагошки факултет Св. Климент Охридскипри Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје по предметот: Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца, Компаративна/креативна книжевност, Литературна работилница, за студентите од одделенска и предучилишна настава на Албански наставен јазик.

Во 2020 е избран за Раководител на Институтот за предучилишно воспитание при  Педагошкиот факултет Св. Климент Охридскиво Скопје.

Во периодот 2014-2018 е раководител на втор циклус на студии на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридскиво Скопје, а истиот период е и член на Комисијата за формирање на списокот на училишните лектири за основното образование, активност координирана од Биро за развој на образованието.

Од  2000-та е судски овластен преведувач од албански на македонски јазик и обратно.


Во период од 10 години работи во општинско основно училиште во Кичево.

Негови објавени трудови:

Metodika e mësimdhënies së gjuhës shqipe në ciklin e ulët të arsimit fillor, (Методика на наставата по албански јазик во основното образование) наставен текст кој се користи за потребите на студентите од Педагошкиот факултет во Скопје, 2019, ISBN 978-608-66370-0-2;   

-  Stratifikimi shoqëror dhe arsimi, (Општествена стратификација и образованието), Focusprint, Скопје, 2020, ISBN 978-608-66370-1-9

-  E folmja e rrethit të Kërçovës, Çabej, Tetovë, 2011, ISBN 978-9989-150-71-5.

-  Kategoritë gramatikore të foljes në romanet e Ismail Kadaresë të përkthyera nga shqipja në maqedonishte, тема на докторската дисертација, одбранета на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје, 2011. 

Зборува албански јазик (мајчин јазик), македонски јазик и другите словенски јазици, како и англиски јазик.