Мисија и визија

 

Мисија и визија

 

МИСИЈА: Обезбедување квалитетен воспитно - образовен процес, преку примена на современи методи на учење, критичко размислување и интегрирање на информатичка технологија и дигитални вештини во наставата, поддршка на самостојноста на ученикот * ,  во процесот на стекнување на знаења, вештини и ставови, за нивна практична примена во реалниот животен контекст,  креирање на култура на доживотно учење, воедно вложувајќи во континуиран развој на научно-истражувачката дејност

 

ВИЗИЈА: Придонес во развивањето на европските образовни вредности преку обезбедување на сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон „ученикот“ * . Создавање на конкурентен национален образовен систем заснован на современи програми што овозможуваат  стекнување со  знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество, пазарот на трудот и новите предизвици во глобалниот научно-технолошки амбиент. Инвестициите во квалитетен образовен систем ќе бидат основа за забрзувањето на темпото на економски раст и поддршка кон определбите за вклучување во научно – истражувачки и иновативни процеси.

 

*Во овој контекст, под терминот „ученик“ се подразбира секој учесник во воспитно-образовниот процес.

 

 

[ 2136 ]