Во рамки на заедничката програма за стипендирање на Унеско и Народна Република Кина (The Great Wall), Владата на Народна Република Кина доделува 47 стипендии за академската 2025-2026 година за земјите членки на УНЕСКО. Целта на програмата е промовирање на меѓународната размена во областа на образованието, културата, комуникациите, науката и технологијата и зајакнување на соработката помеѓу младите од целиот свет.
Стипендиите се едногодишни и се наменети за истражувања под менторство на професори од избраниот универзитет во НР Кина. Право да конкурираат имаат студенти и професори на некој од универзитетите во НР Кина.
Подетални информации за начинот за конкурирање и потребни документи ќе ги најдете на следнава интернет страница:
https://www.unesco.org/en/fellowships/greatwall
Сите потребни документи за пријавување за стипендијата треба да се достават до Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 31.01.2025 година, како и во електронска форма на: t.kraljevska@kultura.gov.mk , со цел навремено да се изврши избор доколку се јават повеќе кандидати од нашата држава.