Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средба на министерката Јаневска и чешкиот амбасадор Лудва

Средба на министерката Јаневска и чешкиот амбасадор Лудва

 

Средба на министерката Јаневска и чешкиот амбасадор Лудва

 

На средба на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва беше потврдено дека соработката помеѓу двете држави во областа на образованието и науката ќе продолжи и во периодот што следи. И натаму ќе се доделуваат стипендии за македонски граѓани за посета на летни курсеви по чешки јазик и обратно, а ќе се направат и напори за поголемо поврзување на образовните установи.

Јаневска го информираше Лудва за тековните активности и идни приоритети на министерството. Соговорниците се согласија дека образованието е столб на развојот на секое општество и дека соработката и размената на искуства помеѓу двете држави можат многу да помогнат за негово јакнење.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar