Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Известување за корисници на студентски стипендии за странски државјани од интерес за Македонија

Известување за корисници на студентски стипендии за странски државјани од интерес за Македонија

 

 

Се известуваат сите корисници на стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија (студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров), а кои правото на студентска стипендија го оствариле во некоја од изминатите академски  години, правото на стипендија во академската 2024/2025 година можат да го продолжат во периодот од 1.10.2024 до 15.10.2024 година.

Kорисникот на стипендија треба да ја достави до Министерството за образование и наука следната документација: 

- Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; 

- Уверение со положени испити;

 - Уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години 

- Индекс (копија) од прв запишан семестар до последен заверен семестар.

За сите дополнителни информации или прашања студентите може да се обратат на електронската адреса studentski.stipendii@mon.gov.mk 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar