Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/24) и Решението за распишување Конкурс за доделување 300 (триста) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, шумарско-дрвопреработувачка струка, градежно-геодетска струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка и текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година, бр. 19-10121/1 од 27.09.2024 година, министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување 300 (триста) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година
Министерството за образование и наука ќе додели 300 (триста) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година, и тоа не следен начин:
А) Угостителство и туризам: 60 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година;
Б) Шумарско и обработка на дрво: 30 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од шумарство и обработка на дрво од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година;
В) Градежништво и геодезија: 100 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од градежништво и геодезија од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година;
Г) Земјоделство, рибарство и ветеринарство: 50 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од земјоделство, рибарство и ветеринарство од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година;
Д) Машинство: 30 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од машински од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година;
Ѓ) Текстил, кожа и слични производи: 30 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година;
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:
1- Да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;
2- Да имаат постигнато минимум континуиран многу добар успех во досегашното образование;
3- Да не повторувале година во текот на образованието;
4- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5- Да се државјани на Република Северна Македонија.
Критериум за доделување на стипендиите е постигнатиот успех од досегашното образование.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 01.10.2024 до 15.10.2024 година.
Потребни документи кои се потребни за прикачување на апликацијата се следните:
1. Потврда дека кандидатот е редовен ученик во учебната 2024/2025 година (во потврдата да биде наведена струката на ученикот);
2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)
6.Трансакциска сметка на име на ученикот.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:
-Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Во струките каде што од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.
Доколку за некои струки не се пополни утврдената квота со соодветни кандидати, тогаш Комисијата има право преостанатите квоти да ги додели на други струки каде имало поголем интерес на соодветни кандидати, рангирајќи ги по успех. Така што, слободните квоти ќе ги додели на кандидатите со највисок успех и повисока година кои не успеале да влезат во квотите од нивната струка.
Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.
Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на http://e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Новости“ најдоцна до 21.11.2024 година, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk .
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната 2024/2025 година.