Министерство за образование и наука

  / Стипендии / Апликациите за Чивнинг стипендии на Владата на Обединетото Кралство се отворени

Апликациите за Чивнинг стипендии на Владата на Обединетото Кралство се отворени

 

Апликациите за Чивнинг стипендии на Владата на Обединетото Кралство се отворени

 

Апликациите за Чивнинг стипендиите за студирање во Обединетото Кралство се отворени од 6 август до 5 ноември 2024 година. Потенцијалните кандидати можат да ги поднесат своите апликации на chevening.org/apply.

Чивнинг стипендиите се доделуваат на лица од секаков профил кои можат да покажат дека ја имаат посветеноста и вештините кои се потребни за да станат идни лидери. Апликантите мора да имаат реална и остварлива идеја со која ќе создадат позитивна промена во својата земја и
мора да се во состојба да покажат како магистерската диплома стекната во Обединетото Кралство ќе им помогне да ја реализираат нивната идеја.

Стипендијата нуди целосна финансиска поддршка со која им се овозможува на стипендистите да се посветат на стекнување на магистерска диплома на над 150 универзитети во Обединетото Кралство, при што истовремено ќе им се овозможи пристап до широк спектар на ексклузивни академски, професионални и културни искуства.

Од формирањето на програмата во 1983 година, над 57.000 професионалци ги унапредиле своите кариери преку Чивнинг. За академската 2025/2026 година, приближно 1500 стипендии се достапни на глобално ниво, што ја покажува посветеноста на Обединетото Кралство за развој на лидери на утрешнината.

Ема Хенеси, раководителката на Одделот за стипендии во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство (FCDO), рече:

Стипендистите кои ќе добијат стипендии за студирање и за истражувачка работа како и дипломираните стипендисти на Чивнинг ги користат вештините и знаењата што ги стекнуваат додека студираат во Обединетото Кралство да поттикнат промени кога ќе се вратат дома, стануваат лидери и креатори на промени, помагаат во создавањето на свет кој ќе биде подобро место за живот, работа и напредок“.

„Чивнинг го претставува најдоброто од Обединетото Кралство и светот, а нашите стипендисти стануваат дел од глобалната Чивнинг мрежа од над 57.000 дипломирани стипендисти. Постојано сум инспирираа од страста и посветеноста на луѓето од Чивнинг заедницата и со нетрпение очекувам да ги добијам апликациите од следната генерација лидери“.

Метју Лосон, амбасадор на Неговото Височество, Британска амбасада Скопје рече:

„Ако сте подготвени да ги предводите промените, без разлика дали станува збор за промени на локално или на глобално ниво, ако сакате да сте најдобри во она што го работите и имате имагинација да ги инспирирате другите, тогаш стипендијата Чивнинг би можела да биде совршена можност за вас“.

„Нашата мрежа на дипломирани стипендисти е полна со динамични влијателни поединци кои споделуваат исти искуства како и вас. Тие можат да  ви обезбедат поддршка, менторство, совети и контакти со цел кога ќе се вратите дома по завршувањето на студиите да се чувствувате подготвени да започнете со правење на вистинска разлика во Северна Македонија. Пријавете се пред крајниот рок на 5 ноември 2024 година и бидете дел од оваа извонредна заедница“.

Успешните апликанти ги споделуваат своите приказни преку хаштагот #ChosenForChevening на Фејсбук и Х платформата. Следете н? на British Embassy Skopje и @UKinRNMacedonia.

 

Повеќе информации

За подетални информации во врска со критериумите за подобност и спецификите за стипендијата, посетете н? на chevening.org.

Контакт

Bela.Trenevska-Shotarovska@fcdo.gov.uk

Шеф за комуникации

Британска амбасада Скопје

 

 

ЗАВРШУВА

Белешки до уредниците

Чивнинг стипендиите се глобална програма за стипендии на Владата на Обединетото Кралство, финансирана од Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) и партнерските организации. Стипендиите даваат можност за посетување на едногодишни магистерски студии на универзитетите во Обединетото Кралство за лица со докажан потенцијал да станат идни лидери, лица кои ќе донесуваат одлуки и ќе го формираат јавното мислење.

 

Чивнинг програмата е формирана во 1983 година и се разви во престижна меѓународна програма за стипендирање. Чивнинг стипендистите доаѓаат од над 160 земји и територии ширум светот. Во текот на изминатите пет години, Чивнинг додели над 8.000 стипендии. Повеќе од 55.000 дипломирани Чивининг стипендисти ширум светот ја сочинуваат оваа влијателна и високо ценета глобална мрежа.


Повеќе информации се достапни на
chevening.org.

 

Стипендии

Back to top
Close Offcanvas Sidebar