Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН упатува повик до јавноста да учествува во изработката на најквалитетните решенија

Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН упатува повик до јавноста да учествува во изработката на најквалитетните решенија

 

Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН упатува повик до јавноста да учествува во изработката на најквалитетните решенија

 

Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно – образовниот процес.

Станува збор за целосно нови предлог закони за средното образование; за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации.

Предлог решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.

Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето на поквалитетен образовен систем.

Сугестии и предлози за надополнување/измена на законските решенија се доставуваат на електронската адреса zakonskaregulativa@mon.gov.mk, а можноста е отворена до крајот на месец септември.

[ петок, 13 септември 2024 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar