Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Врвни светски и домашни македонисти во Охрид, на научна конференција за македонскиoт јазик, литература и култура

МОН: Врвни светски и домашни македонисти во Охрид, на научна конференција за македонскиoт јазик, литература и култура

 

МОН: Врвни светски и домашни македонисти во Охрид, на научна конференција за македонскиoт јазик, литература и култура

 

Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу ги поздрави учесниците и гостите на 51.Меѓународна научна конференција што, во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, се одржува во Охрид, нагласувајќи дека бројните домашни и странски македонисти, филолози, фолклористи и културолози се доказ за исклучителниот интерес што го предизвикува македонскиот јазик и за нивната посветеност на истражувањето и славењето на јазичното и литературното наследство на македонски јазик.

 

„Собирот на научни дејци оваа година има особено значење бидејќи чествуваме три монументални јубилеи: 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски. Тие оставија неизбришлив траг во нашиот културен и интелектуален пејзаж и секогаш одново и одново се инспирација за научни анализи и истражувања. Оттука и радозналоста со која ги очекуваме презентациите на научните студии, што верувам дека ќе бидат значаен придонес кон збогатувањето на нашето разбирање за македонската литература,  култура и историја“, рече заменик министерот Алиу.

 

Укажувајќи дека оваа Научна конференција веќе половина век ги дава клучните референци за македонистиката и го поттикнува процесот на комуникација меѓу традицијата и совремието, Алиу рече дека научните работници, преку своите трудови, придонесуваат за промоција и зачувување на македонскиот јазик, особено во меѓународен контекст. При тоа, научниците и истражувачите разменуваат знаења и искуства, се зајакнува меѓународната соработка меѓу македонските и странските научници а Конференцијата игра важна улога  во промоцијата на македонската култура.

„Новата Влада и Министерството за образование и наука ја поддржуваат Меѓународната научна конференција како значаен настан од академската и културната сфера, што далекусежно влијае врз афирмирањето на нашата држава. Оваа конференција нека биде инспиративен подиум за размена на идеи, за славење на заедничката страст за македонскиот јазик, литература и култура, и секако, за создавање нови пријателства“, посочи заменик министерот за образование.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar