Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средба на министерката Јаневска со турскиот амбасадор Улусој

Средба на министерката Јаневска со турскиот амбасадор Улусој

 

Средба на министерката Јаневска со турскиот амбасадор Улусој

 

Со потпишувањето на протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да се случи до крајот на календарската година, Македонија и Турција уште повеќе ќе ги зацврстат добрите билатерални односи, обезбедувајќи нови можности академскиот кадар и наставно – научната фела во двете земји.

 

Оваа тема беше во фокусот на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој, на која двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу државите и очекувања за взаемно делување и во иднина. 

 

Министерката Јаневска на состанокот информираше за тековните активности на министерството во насока на обезбедување поквалитетен образовен систем. Сподели и дека над 8000 ученици следат настава на турски наставен јазик во македонските училишта и дека грижата за квалитетно образование на турската заедница, како и за сите останати во државата, ќе продолжи да биде интензивна и подеднаква во иднина. Информираше и за активностите кои се веќе започнати во министерството, а се дел од новата програма за работа на институцијата.

 

Честитајќи и на министерката за именувањето на позицијата, амбасадорот Улусој изрази подготвеност за соработка и нови иницијативи во сите образовни сегменти. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar