Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: државата има свои симболи, за нив се учи во училиштата и сите треба да ги почитуваме

Јаневска: државата има свои симболи, за нив се учи во училиштата и сите треба да ги почитуваме

 

Јаневска: државата има свои симболи, за нив се учи во училиштата и сите треба да ги почитуваме

 

Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за комуникација и подобро разбирање. За жал, ни се случува деца да не можат да се разберат меѓу себе. А ако не се разбираат, тогаш не можат да  споделуваат заеднички живот, заеднички радости, успеси, па и заедничка тага. Тоа не треба да биде така, одговори министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на прашањето дали е исправна одлуката на советот на општина Велес за наставата во училиштата од први септември да започнува со интонирање на македонската химна.

 

„Македонија е држава на македонскиот народ и на сите други етникуми кои живеат тука. Интенцијата на Владата е сите да сме рамноправни и да ја чувствуваме како своја земја. Апелирам, наместо поединци да се занимаваат со работи кои можеби некого иритираат или повредуваат, да направиме консензус и заеднички да работиме за подобро образование, здравство, економија, туризам и така натаму“, рече Јаневска.

 

Додаде дека деновиве ја потпишува исплатата на финансиската поддршка која ја вети претходната Влада, а од непознати причини не ја исплатила и дека е вчудовидена од тоа колку семејства со ниски приходи под просечната плата има во државата.

 

„Да ги стимулираме децата да учат и да немаат потреба од ваква помош. Кога ќе пораснат, со својот труд и знаење да си обезбедат пристоен живот. Ова треба да ни биде вистинскиот фокус“, додаде министерката.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar