Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Информација од уписот во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (прво пријавување)

Информација од уписот во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (прво пријавување)

 

Информација од уписот во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (прво пријавување)

 

 

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 20 до 25 јуни 2024 година и доставувањето на потребната документација до училиштата беше во работните денови во истиот период. Ранг листи се објавија на 26 јуни 2024 година.

Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија, кој е објавен во месец март 2024 година, предвидено е во училиштата каде во ранг листата има поголем број ученици со исти бодови, да се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети и тоа:

- за гимназиско образование – мајчин јазик и математика

- за здравствена струка – биологија и хемија

- за другите струки –  мајчин јазик и математика.

Оваа година квалификациожското тестирање ќе се организира на 28 јуни 2024 година во следниве училишта:

·        СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар, медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик.

·        СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра, на македонски наставен јазик.

Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификациско тестирање ќе се објават на 28 јуни 2024 година.

Врз основа на финализираните ранг листи за првото пријавување добиени се следните податоци:

 ****************************************************************************

Во првото пријавување вкупно се пријавија 15786  ученици од кои:

·        11268 ученици за настава на македонски наставен јазик,

·        4231 ученици за настава на албански наставен јазик,

·        277 ученици за настава на турски наставен јазик и

·        10 ученици за настава на српски наставен јазик.

Во првото пријавување вкупно се запишаа 13882 ученици од кои:

·        10275  ученици за настава на македонски наставен јазик,

·        3358 ученици за настава на албански наставен јазик,

·        239 ученици за настава на турски наставен јазик и

·        10 ученици за настава на српски наставен јазик.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:

·        4316 ученици во гимназиско образование

·        9566 ученици во стручно образование

Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во:

 - СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Битола

- СУГС Гимназија „Никола Карев“ - Скопје и

- СУГС Гимназија „Георги Димитров“ - Скопје

 - СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование во следниве струки и училишта:

 

ГРАДЕЖНО – ГЕОДЕТСКА  СТРУКА:

·        -ОСТУ „Гостивар“- Гостивар за образовниот профил:

 -   архитектонски техничар/градежен техничар на албански наставен јазик.

 

ГРАФИЧКА  СТРУКА:

·        СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп за образовниот профил:

 -  графички уредник - дизајнер на македонски наставен јазик.

 

ЕКОНОМСКО – ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА:

·        СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија за образовниот профил:

 -  економски техничар/ бизнис администратор на македонски наставен јазик;

 

·        СОУ „Љупчо Сантов“ -  Кочани, за образовните профили:

 -  бизнис администратор,

 - техничар за е – трговија и дигитален маркетинг и

 - економски техничар, сите на македонски наставен јазик;

·        СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, за образовниот профил:

-  економски техничар на македонски наставен јазик;

·        СОУ „Јане Сандански“ - Битола за образовните профили:

 -  техничар за е – трговија и дигитален маркетинг и

 -  економски техничар, на македонски наставен јазик;

·        СУГС „Арсениј Јовков“ – Град Скопје, за образовниот профил:

 -   асистент деловен администратор, на албански наставен јазик;

·        СУГС „Цветан Димов“ – Град Скопје, за образовниот профил:

 -  продавач референт на продажни услуги, на албански наставен јазик;

·        СУГС „Јане Сандански“ – Струмица, за образовните профили:

-  техничар за е – трговија и дигитален маркетинг и

 -  економски техничар, на македонски наставен јазик

·        СОУ „Перо Наков“-Куманово за образовниот профил:

 -  бизнис администратор на македонски наставен јазик;

·        СОУ „Ѓорче Петров“- Крива Паланка за образовниот профил:

 -  техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;

·        СЕПТУГС „Васил Антевски Дрен“ - Скопје за образовниот профил:

 -  техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;

 

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА:

·        СОУ „Коле Нехтенин“ - Штип за образовниот профил:

 -  електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

·        ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес за образовниот профил:

 -  електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

·        СОТУ „Гостивар“ - Гостивар за образовниот профил:

 -  електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски и на албански наставен јазик;

·        СОУ „Илинден“ - Илинден за образовните профили:

 - електротехничар за компјутерска техника и автоматика и

 - електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;

·        СОУ „Ѓорче Петров“-Крива Паланка за образовниот профил:

  - електротехничар за компјутерска техника и автоматика/електротехничар-енергетичар на македонски наставен јазик;

·        ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид за образовниот профил:

 -  електротехничар за компјутерска техника и автоматика;

 - електротехничар-енергетичар на македонски наставен јазик;

·        СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп за образовниот профил:

 -  електротехничар за компјутерска техника и автоматика/електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;

 - техничар за индустриска мехатроника / електротехничар – енергетичар на македонски наставен јазик ;

·        СУГС „Владо Тасевски“ – Град Скопје за образовните профили:

- електротехничар за компјутерска техника и автоматика и

 - електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;

·        СОУ „Богданци“-Богданци за образовниот профил:

 -  електротехничар-енергетичар /електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

·        СОУ „Никола Карев“-Струмица за образовниот профил:

 -  електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик.

 

ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА

·        СОУ „Јане Сандански“-Штип, за образовниот профил:

 -  фармацевтски техничар на македонски наставен јазик;

·        ССОУ „Димитрија Чуповски“-Велес, за образовниот профил:

 -  фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo санитарен техничар на македонски наставен јазик;

·        СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија за образовниот профил:

 -  забен техничар/фармацевтски техничар на македонски наставен јазик;

·        СМОУ „Гостивар“-Гостивар за образовниот профил:

 -  медицинска сестра на  албански наставен јазик;

·        СОУ„Мирко Милески“-Кичево, за образовниот профил:

 -  медицинска сестра на македонски наставен јазик;

·        СУГС „Д-р Панче Караѓозов“-Скопје, за образовните профили:

 - физиотерапевтски техничар на македонски наставен јазик;

-  медицинска сестра

 - гинеколошко акушерска сестра

 - физиотерапевтски техничар

 - фармацевтски техничар и

 -  забен техничар , сите на албански наставен јазик

·        -ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“-Битола, за образовниот профил:

 -  забен техничар на македонски наставен јазик;

-СУГС „Цветан Димов“-Скопје, за образовниот профил:

 - фармацевтски техничар на албански наставен јазик;

·        СУГС „Марија Кири Склодовска“ – Град Скопје за образовниот профил:

  -фармацевтски техничар на македонски наставен јазик;

·        СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица за образовните профили:

 - медицинска сестра и

 - фармацевтски техничар на македонски наставен јазик

·        СОМУ „Никола Штејн“-Тетово, за образовниот профил :

 - медицинска сестра на албански наставен јазик.

 

ЛИЧНИ УСЛУГИ:

·        СОУ „Таки Даскало“-Битола, за образовниот профил:

 -  техничар за козметичка нега и убавина на македонски наставен јазик;

·        ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, за образовниот профил:

 -  техничар за козметичка нега и убавина на македонски наставен јазик;

·        СУГС „Сарај“-Скопје, за образовниот профил:

 -  фризер на албански наставен јазик;

·        СОМУ „Никола Штејн“-Тетово, за образовниот профил:

 -  техничар за козметичка нега и убавина на албански наставен јазик.

·        СОМУ „Никола Штејн“-Тетово, за образовниот профил

   - техничар за козметичка нега и убавина на македонски наставен јазик.

 

СООБРАЌАЈНА СТРУКА

·        ДСУРЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово за образовниот профил:

 -  ракувач со машини за превоз на материјал на албански наставен јазик;

·        ДСУРЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес за образовниот профил:

 - техничар за транспорт и шпедиција на македонски наставен јазик;   

    

УГОСТИТЕЛСКО - ТУРИСТИЧКА СТРУКА:

·        СОУ„Коле Неделковски“-Велес, за образовните профили:

 -  келнер/ готвач /слаткар на македонски наставен јазик;

·        СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за образовниот профил:

 - хотелско-туристички техничар на македонски наставен јазик;

 

ХЕМИСКО – ТЕХНОЛОШКА СТРУКА:

·        СУГС „Марија Кири Склодовска“- Скопје за образовните профили:

 - техничар за козметички и хемиски производи и

 -  хемиски лабораториски техничар, двете на македонски наставен јазик;

·        СОУД „Димитар Влахов“ – Струмица за образовен профил:

- техничар за козметички и хемиски производи на македонски наставен јазик

 

 

ШУМАРСКО - ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА:

·        СУГС „Георги Димитров“ - Скопје за образовниот профил:

 -  техничар за мебел и ентериер на македонски наставен јазик.

 

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 17272 ученици од кои:

·        11517 слободни места за настава на македонски наставен јазик,

·        5142  слободни места за настава на албански наставен јазик,

·        564  слободни места за настава на турски наставен јазик и

·        49 слободни места на српски наставен јазик.

  Слободни места по вид на образование за второ пријавување има:

во гимназиско образование 4878 слободни места од кои:

·         2979 за ученици на македонски наставен јазик,

·         1705 за ученици на албански наставен јазик,

·          170 за ученици на турски наставен јазик и

·          24 за ученици на српски наставен јазик.

во стручно образование 12394 слободни места од кои:

·        8538 за ученици на македонски наставен јазик,

·        3437 за ученици на албански наставен јазик,

·        394 за ученици на турски наставен јазик и

·        25 за ученици на српски наставен јазик

 

Второто пријавување на учениците и доставувањето на потребената документација до училиштата ќе се врши на 1 јули и на 2 јули 2024 година до 15:00 часот.  Ранг листа на запишани ученици се објавува на 3 јули 2024 година на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница, до 09:00 часот.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 5 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 5 јули 2024 година, на огласната табла на училиштето.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar