Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија започна програма за стипендирање на државјани на Република Северна Македонија за академската 2024/2025 година.
Владата на Романија доделува 5 стипендии за магистерски студии, 5 стипендии за докторски студии и 5 стипендии за учество на летни курсеви за романски јазик, култура и цивилизација.
Апликациите за овие стипендии треба да се доставуваат до архивата на Министерството за образование и наука, најдоцна до 05 јули 2024 година.
Сите потребни информации за овие стипендии како и формуларот за апицирање, заинтересираните кандидати можат да ги преземат тука.
Контакт лице
Александар Тутновски
Е-маил: аleksandar.tutnovski@mon.gov.mk
Тел: 076 485 053