Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје известува за можноста за добивање на „Меѓународна парламентарна стипендија“ ( ИПС) од страна на Германскиот Бундестаг за 2025 година.
Млади дипломци кои се ангажирани, отворени, со интерес за политика и со волја активно и одговорно да учествуваат во демократската иднина на својата земја, добиваат можност во Германскиот Бундестаг преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем.
Програмата 2025 трае од 1 март 2025 до 31 јули 2025. Меѓу другото, предуслов за избор се одлични познавања на германскиот јазик и политика, општество и историја.
За дополнителни информации: https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2598228 и www.bundestag.de/ips
Крајниот рок за пријавување е 31 јули 2024 година.
Апликациите треба да се достават до 31 јули 2024 год. до Германската амбасада во Скопје по електонска пошта: (info@skop.diplo.de), која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети во Амбасадата на интервју со Комисија од Германскиот Бундестаг.