Министерство за образование и наука

  / Конкурси / ЈАВЕН ПОВИК за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во ДСУ „Спортска Академија“ – Скопје

ЈАВЕН ПОВИК за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во ДСУ „Спортска Академија“ – Скопје

 

ЈАВЕН ПОВИК за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во ДСУ „Спортска Академија“ – Скопје

 

ДСУ „Спортска академија“ - Скопје започнува потрага по спортски таленти во Република Северна Македонија, коишто ќе бидат дел од училиштето во паралелките за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2024/2025 година, кои освен во Скопје, предвидени се и како паралелки во состав на јавните средни училишта кои се надвор од седиштето, во следните општини:


 -СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола, фудбал,

-СОУ „Перо Наков” – Куманово, кошарка,

-ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески- Охрид – фудбал,

-СОУ Гимназија „Мирче Ацев” – Прилеп, фудбал,

-ДСУ РЦСОО „Никола Карев” – Струмица, фудбал,

-СОУ„Кирил Пејчиновиќ– Тетово, фудбал,

-СОУ „Кочо Рацин” – Велес, фудбал,

-СОУ „Гостивар” – Гостивар, фудбал и

-СОУ „Коле Нехтенин” – Штип, фудбал.

 

Целта на ДСУ „Спортска академија“ - Скопје е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година во средното училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се одвива во фази, и тоа:


- Скаутирање од стручни лица лица

- Селекција од стручен тим

- Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија.

 

На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превозот до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.

 

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција од конкретната Спортска федерација е следната:

ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ПО РАКОМЕТ

Прв термин за селекција

Скопје                                                                                                                                       

Датум: 20.05.2024 година (понеделник)                                                                                              

Место: Спортска сала на „Народни херои“ (сала при ФФОСЗ) - Скопје на ул. Димче Мирчев бр.3                                                                                                                               

Почеток: 09:00 часот

Втор термин за селекција

Скопје                                                                                                                                         

Датум: 27.05.2024 година (понеделник)                                                                                   

Место: Спортска сала на „Народни херои“ (сала при ФФОСЗ) - Скопје  на ул.Димче Мирчев бр.3                                                                                                                                                                                           

Почеток: 09:00 часот

Одговорнo лицe: Милева Велкова    

*Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција половина час пред почетокот на селекцијата.

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина.

 

ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ЗА КОШАРКА

Прв термин за селекција

Скопје                                                                                                                                      

Датум: 11.05.2024 година (сабота)  

Место: Спортска сала „Кале“ (голема сала) Скопје

Почеток: 11:00 часот

 

Втор термин за селекција

Скопје                                                                                                                                      

Датум: 22.05.2024 година (среда)   

Место: Спортска сала „Кале“ (голема сала) Скопје

Почеток: 12:00 часот

 

Куманово                                                                                                                                

Датум: 17.05.2024 година (петок)  

Место: СОУ „Перо Наков“ Куманово (училишна сала) 

Почеток: 11:00 часот

Одговорно лице: Небојша Ѓуковиќ

*Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција половина час пред почетокот на селекцијата.

*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина.

 

ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ПО ТЕНИС

Скопје                                                                                                                                  

Датум: 10.05.2024 година (петок)

Место: Тениско игралиште Поинтер Скопје

Почеток: 10:00 часот

Втор термин за селекција

Скопје

Датум: 17.05.2024 година (петок)

Mесто: Тениско игралиште Поинтер Скопје

Почеток: 10:00 часот

Одговорно лице: Глигор Санев 075/351-118

 

ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ПО ФУДБАЛ

Тетово

 

Датум: 13.05.2024 (Понеделник)

Место: Терен со вештачка трева на Општина Тетово

Почеток: 09:00 часот

Информации кај регионалните координатори: Борче Мирчески 075/334-224 (за паралелка на македонски јазик) и Фисник Хисени 070/769-466 (за паралелка на албански јазик)

 

Гостивар (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кичево)

 

Датум: 13.05.2024 (понеделник)

Место: Терен со вештачка трева на Општина Гостивар

Почеток: 12.00 часот

Информации кај регионалниот координатор: Менсур Јакупи 075/300-400

 

Охрид (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Струга и Дебар)

 

Датум:13.05.2024 (понеделник)

Место: Терен со вештачка трева - Билјанини Извори - Охрид

Почеток:15.00 часот

Информации кај регионалниот координатор: Гоце Толески 078/208-604

 

Велес (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Градско)

 

Датум: 15.05.2024 (среда)

Место: Градскиот Стадион во Велес

Почеток:10.00 часот

Информации кај регионалниот координатор:  Баже Левков 078/240-337

 

Прилеп (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Крушево, М. Брод, Кавадарци и Неготино)

 

Датум: 15.05.2024 (среда)

Место: Терен со вештачка трева на Општина Прилеп

Почеток:13.00 часот

Информации кај регионалниот координатор: Тони Наумоски 078/308-575

 

Битола (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Ресен, Демир Хисар)

 

Датум: 15.05.2024 (среда)

Место: Терен со вештачка трева на Општина Битола

Почеток:17.30 часот

Информации кај регионалниот координатор: Лазo Гаштаров 076/282 070

 

Струмица (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Гевгелија, Валандово, Радовиш, Дојран, Берово, Пехчево, Миравци, Демир Капија)

 

Датум: 17.05.2024 (петок)

Место: Терен со вештачка трева на Општина Струмица

Почеток:12.30 часот

Информации кај регионалниот координатор: Александар Стојанов 070/916-756

 

Штип (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица)

 

Датум:17.05.2024 (петок)

Место: Терен со вештачка трева на Општина Штип

Почеток: 15.00 часот

Информации кај регионалниот координатор: Димитар Маџунаров 078/476-715

 

Скопје (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Куманово)

 

Датум: 21.05.2024 (вторник)

Место: Тренинг Центар на ФФМ – Трибина на терен 1

Почеток: 9.00 часот

Информации кај регионалниот координатор: Звонко Златановски 078/345-402 или zvonko.zlatanovski@ffm.com.mk 

 

НАПОМЕНА ОД ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА:

 

е има само еден круг на селектирање;

 

андидатите при селектирањето треба да го дадат своето име, презиме, датум на раѓање, клуб во кој игра и позиција на која игра;

 

екој кандидат ќе треба да поседува лекарски преглед не постар од 4 (четири) месеци дека е способен за тренинг и натпревари кој ќе треба да се приложи при селектирањето;

 

екој кандидат си носи своја спортска опрема за селектирањето (кандидатите да бидат облечени во тренерки, дрес, гаќички, штуцни, костобрани и копачки како и да носат маица за пресоблекување, бидејќи нема да се користат соблекувални;

 

а селектирањето целосно ќе се применува протоколот добиен од ДСУ „Спортска академија“ - Скопје.

                                      

[ петок, 26 април 2024 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar