Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите по Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование за предметите:
1. Турски јазик за VII одделение во деветгодишно основно образование.
2. Албански јазик (изборен предмет) за VII одделение во деветгодишно основно образование и Албански јазик (јазик на заедницата) за V оддeление во деветгодишно основно образование.
Отварањето на шифрите за горе наведените наставни предмети ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 - 13 кат на 26.04.2024 година (ПЕТОК) со почеток во 10.00 часот.