По повод 21 март Светскиот ден на поезијата, Министерството за образование и наука, во соработка со меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“ распишува:
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПЕСНА
за учениците од средните училишта во Република Северна Македонија
Темата за избoр на најдобра песна од учениците во средните училишта во Република Северна Македонија по повод 21 март- Светскиот ден на поезијата гласи:
„Куќа цел свет братски ми е....“
(Темата е стих од песната „Татунчо“ од Кочо Рацин, а се однесува на жртвувањето и борбата за поправеден свет наспроти вообичаените очекувања и материјалистички стремежи. Но, пошироко, стихот упатува на една поопшта идеја за космополитизмот и братството меѓу луѓето)
I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на учество на конкурсот имаат сите ученици во средните училишта на територијата на Република Северна Македонија.
II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Песната треба да биде оригинална, со силен поетски израз која ја отсликува горенаведената тема за избор на најдобра песна од конкурсот.
Песната треба да биде напишана со читлив и јасен ракопис, напишана на јазикот на кој ученикот ја следи наставата во училиштето (македонски јазик, албански јазик, турски јазик, босански јазик или српски јазик).
Големината на песната и композицијата на песната се по избор на ученикот кој ја создава.
Песната како стихувана творба, со определена ритмика и метрика, може да биде организирана во строфи или астрофични, со рима или неримувана.
Еден ученик може да испрати само една индивидуалн авторска песна.
Песните кои не ги задоволуваат критериумите или се со непримерна содржина ќе бидат веднаш дисквалификувани.
Песната се испраќа во плик до Министерството за образование и наука.
На песната треба да стои шифра и во посебен внатрешен плик означен со истата шифра да бидат доставени податоците за ученикот (име и презиме, клас/година, училиште, општина и контакт телефон од родител/старател).
Посебниот внатрешен плик ќе биде отворен само за награденata песнa по извршениот избор.
Песнaта заедно со пликот со податоци за ученикот кој ја напишал песната се доставува со следнава назнака „За конкурс за најдобра песна по повод 21 март Светскиот ден на поезијата” .
Песните потребно е да се испратат најдоцна до 05-тимарт 2024 година, до Министерство за образование и наука на следнава адреса: Бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54 , 1000 Скопје.
III. НАЧИН НА ИЗБОР
За избор на најдобрите песни, Министерството за образование и наука ќе формира комисија за секој од наставните јазици, составена од пет членови меѓу кои и претставници определени од дирекцијата на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.
Песните ќе се избираат од комисија за соодветниот наставен јазик.
IV. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
Министерот за образование и наука, ќе додели пригодни награди само за учениците кои ќе освојат прво место за секој од наставните јазици.
За учениците кои ќе освојат второ и трето место ќе им се доделат признанија.
Министерството за образование и наука на 21 март 2024 година на својата веб страница (www.mon.gov.mk) ќе ги објави наградените трудови со шифрите.