Втора година по ред, Британскиот совет обезбедува стипендии за магистерски студии на жени од Северна Македонија кои имаат диплома по наука, технологија, инженерство и математика и кои сакаат да ја продолжат нивната кариера во СТЕМ областите.
Програмата се спроведува во соработка со три универзитети од Обединетото Кралство: Универзитетот Кранфилд, Универзитетот во Глазгов и Универзитетот во Сент Ендрјус, кои нудат вкупно 44 магистерски програми.
Кандидатките од Северна Македонија, заедно со кандидатките од преостанатите земји од Западен Балкан, Централна Азија, Турција и Јужен Кавказ, можат да аплицираат за вкупно 15 стипендии.
За успешните апликантки, програмата за стипендии целосно ги покрива школарините за избраната магистерска програма, месечната стипендија, визата, патните трошоци, здравственото осигурување и трошоците за тестот по англиски јазик ИЕЛТС.
Краен рок за аплицирање на универзитетите е 30 април 2024 година.
Повеќе информации за програмата и критериумите за подобност се достапни на следниот линк: https://bit.ly/496iyW9
Инфо вебинарите со презентација на универзитетите и сесија за прашања и одговори ќе се одржат во текот на март 2024 година. Датумите ќе бидат објавени на истиот линк.