Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на РМ’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16), и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр 257/20 и 163/21), член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ” бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13) и Решението за објавување на Отворен повик за избор на рецензенти број 15-10684/1 од 04.10.2023 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:
ПОВТОРЕН ОТВОРЕН ПОВИК
за избор на рецензенти кои ќе ги евалуираат реализираните проекти по објавениот Конкурс за финансирање на научно -истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година ( поддршка за развој на лабораториски ресурси)
Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги евалуираат реализираните проекти по Конкурсот за финансирање на научно -истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година ( поддршка за развој на лабораториски ресурси).
Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.
Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, научни подрачја и научни области на истражување:
1. |
Природно-математички науки: Биологија (молекуларна биологија); Биохемија; Физика; Методика на наставата по физика; Физика на плазмата; Физика на кондензирана материја; Хемија (аналитичка хемија, структурна хемија, Геохемија, Хемија во фармација, Наука за материјали, Квантна хемија, Теориска хемија, Наноматеријали и нанотехнологија); Пресметковна хемија на фармацевтски и функционални материјали |
2. |
Техничко-технолошки науки: Електротехника; Електроника и автоматика (електроенергетски мрежи и системи¸ контрола на квалитет, Метрологија); Енергетика; Компјутерска техника и информатика; Градежништво и водостопанство (геотехника, земјотресно инженерство); Градежни материјали и механика на цврсто и деформабилно тело; Хемиско инженерство; Хемиска технологија (неорганска хемиска технологија-стакло); Технологија на прехранбени производи; Животна средина, Енергетика, Вода, воздух и почва)
|
3. |
Медицински науки и здравство: Фундаментални медицински науки (имунологија, микробиологија, геномика, репродуктивна генетика, форензика, клиничка генетика, молекуларна дијагностика, молекуларна патологија, паразитологија); Фармација (Фармакогнозија, Аналитика на лекови, Фармакогенетика); Фармацевтска технологија; Медицинска технологија (нуклеарна медицина); Нутриционизам; |
4. |
Биотехнички науки: Заштита на растенијата, ентомологија; Растително производство; Овоштарство; Лозарство; Ветеринарна медицина, Зоохигиена, Хигиена и технологија на производи и суровини од животинско потекло; Добиточно производство (сточарство); Преработка на дрво; Биотехнологија; Преханбена технологија (контрола на квалитет и безбедност на храна) |
6. |
Хуманистички науки: Археологија
|
Избраните рецензенти, пријавените проекти ќе ги евалуираат врз
основа на следните компоненти:
- исполнетост на условите/обврските од согласноста од точка 4 од Конкурсот за финансирање на научно -истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година ( поддршка за развој на лабораториски ресурси)
- исполнетост на дадените податоци и информации од пријавата за критериумите по кои се извршило оценувањето (бодирањето) со особен акцент на финалниот наративен и финансиски извештај
- утврдување на опфатот и применливоста на идниот план за управување со лабораториските ресурси и
- исполнување на обврската за обезбедување на пристапни политики до инфраструктурите за истражување
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
- доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти
- изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот отворен повик.
Пријавата за рецензент, уредно пополнета се доставува во :
Министерството за образование и наука
Сектор за наука и иновации
Бул. „Св. Кирил и Методиј “ бр. 54
1000 Скопје
Краен рок за доставување на пријавите е 31.01.2024 година
Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.
За симнување:
Пријавата за рецензент ( линк)