Секој добитник на стипендија го симнува и пополнува во ТРИ примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка го доставува до МОН, директно преку писарницата во министерството (документите може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта - препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), најдоцна до 29.12.2023 година.
Одбиените кандидати (учениците кои не се наоѓаат на објавените списоци) ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.
За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.
Стипендии за социјална поддршка на ученици
Стипендии за ученици – деца без родители
Стипендии за ученици со посебни потреби
Стипендии за талентирани ученици – природни и технички науки
Стипендии за талентирани ученици – спортисти
Стипендии за талентирани ученици – уметници
Стипендии за ученици кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи
Стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење
Стипендии за ученици кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици од здравствените струки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ)