Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици/чки -деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици/чки -деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024

 

Врз основа член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/чки запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 202/23), и Решението за распишување Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици/чки – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година бр.19-11095/1 од 13.10.2023 година Министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

 

за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици/чки -деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024

 

Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе доделува 50 (педесет) стипендии за ученици/чки – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

I.                 УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици/чки од I година, кои во текот на основното образование постигнале најмалку добар успех;

2. Да се редовни ученици/чки од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале најмалку добар успех;

3. Да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители;

4. Да не повторувале година во текот на образованието;

5. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

6. Да се државјани на Република Северна Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се остварениот успех.  

              

II.              НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Ученици/чките кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk  од 18.10.2023 до 01.11.2023 година.

 

Потребни документи кои се потребни за прикачување на апликацијата се следните:

1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година;

2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)

3. Потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители;

4. Изјава потпишана од старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена во прилог на Конкурсот;

5. Изјава потпишана од старател дека доставените документи се вистинити;

6. Изјава за користење на лични податоци потпишана со цело име и презиме од старател;

7. Трансакциска сметка на име на ученикот;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2023 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 15.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

III.            ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната година 2023/2024.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar