Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии во рамки на словачката национална програма за мобилност

Стипендии во рамки на словачката национална програма за мобилност

 

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност:

(Slovak National Mobility Programme).

Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високо образовни институции и истражувачки организации, за академската 2023/2024 година.

Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најкасно до  31 октомври 2023 година,  до 16:00 ч. по централно европско време.

Вебинарот со наслов „Study/research in Slovakia with the National Scholarship Programme“ ќе биде наменет за странски апликанти, а ќе се одржи во петок на

13. октомври 2023 година во 14:00 часот.

Вебинарот за странски заинтересирани страни ќе биде на англиски јазик. Подетални информации за вебинарот, како и линк за приклучување, ќе бидат објавени на веб-страниците на SAIA и Националната програма за стипендирање, односно на социјалните мрежи SAIA.

На следниот линк  се наоѓа летокот со основните информации за програмата. 

https://saiaslovakia-my.sharepoint.com/:f:/g/personal/ondrej_aradsky_saia_sk/EnbIHAaUVjNIskuiO4eqS8EBfs6JhTT468XQsfpakt587Q?e=jLSCIl

За дополнителни информации може да се обратите директно до:

Ms.Kristina Sallerova, e-mail: nsp-sk@saia.sk         и

Ondrej Aradský, e-mail: ondrej.aradsky@saia.sk

администратори на програмата.

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar