Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / Активности во јули и август на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

Активности во јули и август на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

 

 

Летната сезона не ги спречи партнерите од Твининг проектот да продолжат со својата работа и да се фокусираат на следните приоритети. Меѓу нив: многу важна 10-годишнина од Македонската рамка на квалификации (МРК). Партнерите се согласија дека активноста 3.1.3 посветена на развивање алатки за комуникација и различни материјали за видливост и информации за промоција на НРК (како на пример: летоци, брошури, промотивни статии, онлајн комуникација и информации), како и нивно споделување со образовните установи, давателите на СОО и други засегнати страни, ќе послужи како совршен мост до информативниот настан за промовирање на МРК што ќе се одржи во октомври оваа година.

Првата мисија во рамките на оваа активност се одржа од 3 до 7 јули 2023 г. Експертите од Литванија и Словенија: г-ѓа Живиле Навицкаите-Бабкин и г. Александар Сладојевиќ ја искористија таа временска рамка за да понудат методолошка поддршка и брифинг, притоа развивајќи предлог-алатки за комуникација и релевантни информативни материјали, вклучително и кампања за односи со јавноста насочена кон пренесување јасни и разбирливи пораки за целните групи, со цел подобро разбирање и видливост на НРК и дигиталниот регистар на НРК; традиционалните и алтернативни алатки за комуникација; како и предлози за оптимизирање на „бесплатните канали“. Експертите се сретнаа со колеги од Министерството за образование и наука одговорни за односи со јавноста и за НРК, со претставници на Одборот за НРК и секторските комисии, како и со претставници на Центарот за стручно образование и обука и Центарот за образование на возрасните. За време на состаноците експертите ја презентираа првата верзија на комуникациската кампања за НРК „10 години МРК: квалификации за подобра иднина“. Плодните дискусии водеа кон ажурирање на предлог-кампањата. Се изработија и дополнителни неопходни материјали за да ја придружуваат кампањата: сценарио за видео, краток леток, комуникациски план за социјалните медиуми, концепт за конференцијата и нацрт-агенда за конференцијата. Сите учесници во мисијата се согласија дека тесната и ефикасна соработка помеѓу прес-службата, одделението за НРК и канцеларијата на Твининг проектот ќе биде од суштинско значење за да се спроведат сите активности наведени во планот на комуникациската кампања.

 

Фотографии: Презентација на комуникациската кампања за НРК „10 години МРК: квалификации за подобра иднина“

Втората мисија во рамките на истата активност се организираше од 28 август до 1 септември 2023 г. За да се обезбеди континуитет, словенечкиот експерт г. Александар Сладојевиќ ја доби одговорната задача поврзана со понатамошно развивање на алатките за комуникација и различните материјали за видливост и информации за промоција на НРК. За да се постигне тоа беа организирани средби со експерти од ЗК од прес-службата и одделението за НРК при Министерството за образование и наука, како и со домашниот ПТС. Целта на состаноците беше да се добијат повратни информации од колегите во однос на исходот од претходната мисија, како и да се испланираат чекорите што следат. Со оглед на тоа што организирањето меѓународна конференција за промоција на НРК и дизајнирањето различни алатки за комуникација кои ќе ја придружуваат подразбира многу напор, посветеност и фокус, сите учесници во мисијата се согласија дека би било многу корисно доколку се изработи и еден патоказ што ќе ги идентификува клучните задачи. Тој би бил особено корисен за гарантирање на координацијата кај колегите.

Како резултат на дискусиите, експертот подготви ажурирана верзија на алатките за комуникација и материјалите за видливост за промоција на НРК. Следните чекори би подразбирале дизајн, одобрување и дистрибуција на материјалите до образовните установи, давателите на стручно образование и обука и другите засегнати страни, со што ќе се привлече нивното внимание и ќе се обезбеди поголема посетеност на меѓународната конференција.

Фотографии: Состаноци помеѓу експерти од ЗЧ и ЗК за разгледување на алатките за комуникација и материјалите за видливост

Овој билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на Твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar