Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен повик за доставување барање за одобрување учебник по странски јазик за II година во средното стручно образование со четиригодишно траење

Јавен повик за доставување барање за одобрување учебник по странски јазик за II година во средното стручно образование со четиригодишно траење

 

Врз основа на член 13 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на Република Македонија“   бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), а согласно Упатството за спроведување на постапката за давање одобрение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование бр.08-15422/1 од 21.12.2022 година,  Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапката за давање одобрение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование бр.08-3531/1 од 23.03.2023 година и Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапката за давање одобрение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование бр.08-3531/2 од 11.05.2023 година,  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

Јавен повик
за  доставување барање за одобрување учебник по странски јазик за II година во средното стручно образование со четиригодишно траење

 

I. Предмет на јавниот повик:

Доставување  барање за одобрување учебник по странски јазик II година во средното стручно образование со четиригодишно траење за следен наставен предмет:

1. Деловен англиски јазик за II година СЕКТОР/СТРУКА  Економско-правна и трговска струка, Економија , право и трговија, за образовните профили /квалификации: Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг во средното стручно образование со четиригодишно траење.

Барање за одобрување учебник по странски јазик може да поднесе домашен издавач, како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Северна Македонија.

 

II.Елементи на јавниот повик:

 

Кон барањето за одобрување учебник по странски јазик доставено по објавениот јавен повик, задолжително се приложува:


1. Потврда за регистрирана издавачка дејност од Централен регистар во Република Северна Македонија за домашниот издавач/законскиот застапник, не постар од три месеци од денот на издавањето;

2. Потврда за регистрирана издавачка дејност за странскиот издавач од овластен орган во државата во која е регистриран, не постар од три месеци од денот на издавањето, во оригинал или заверена копија на нотар со превод од овластен судски преведувач;

3. Овластување од странскиот издавач за законскиот застапник во Република Северна Македонија, не постаро од три месеци од денот на издавањето во оригинал или заверена копија на нотар со превод од овластен судски преведувач;

 

4. Договор или изјава од домашниот издавач/законскиот застапник во Република Северна Македонија дека одобрениот учебник ќе го дистрибуира во наредните 5 (пет) учебни години, во оригинал или заверена копија на нотар со превод од овластен судски преведувач;

 

5. Пет примероци од учебникот по странски јазик,  во печатена форма (во колор), без дополнителни работни материјали.

 

 

Секој заинтересиран издавач има право да поднесе барање за одобрување на еден учебник по странски јазик за секое соодветно одделение, издаден од странскиот издавач или домашниот издавач кој го застапува во Република Северна Македонија, и/или да поднесе барање за одобрување на еден учебник по странски јазик за секое соодветно одделение во сопствено издание.

 

Секој домашен издавач може да се јави како законски застапник во Република Северна Македонија на повеќе издавачи од други држави во кои се регистрирани за издавачка дејност.

 

Домашниот издавач кој е  законски застапник во Република Северна Македонија на повеќе издавачи од други држави во кои се регистрирани за издавачка дејност, има право да достави повеќе поединечни барања за одобрување за секое соодветно одделение, од секој издавач што го застапува пооделено и/или во сопствено издание, со по едно издание на учебникот за соодветното одделение за секој издавач.

 

III. Рок за доставување на барањата за одобрување учебник по странски јазик:

Рокот за доставување на барањата за одобрување учебник по странски јазик е заклучно со  20.10.2023 година.

Заинтересираните издавачи може да ја превземат наставната програма од  веб страната на Центар за стручно образование и обука www.csoo.edu.mk и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за образование и обука www.bro.gov.mk

Ненавремено доставените барања нема да бидат разгледувани.

Барањата за одобрување учебник по странски јазик да се достават на следната адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА

ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје

 

[ петок, 22 септември 2023 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar