Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен оглас за рецензенти на учебници

Јавен оглас за рецензенти на учебници

 

Врз основа на член 13 и член 16 став 1 а согласно Упатството за спроведување на постапка за давање одобение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование и Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапка за давање одобение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование, директорот на Педагошката служа, распишува

 

Јавен оглас
за рецензенти на учебници

 

1. Нарачател: Министерство за образование и наука - Педагошка служба,  ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

 

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

 

1. Италијански јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

 

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република СевернаМакедонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-
потврда за работно искуство издадена од АВРСМ
-потврда од установата во која е вработен.

Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е  14.09.2023 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 

 

[ среда, 30 август 2023 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar