Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / Активности во јуни на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

Активности во јуни на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

 

На почетокот на јуни се реализираше уште еден значаен настан за Твининг проектот бидејќи се обработи една важна тема преку мисијата во рамките на активноста 1.2.3. Примарната цел беше да се зајакне обезбедувањето квалитет на образованието и обуката, притоа опфаќајќи ги аспектите на доживотно учење (ДУ). Целта на оваа мисија што се спроведе во рамките на компонентата 1, беше да се изврши проценка и да се изработат тематски извештаи за анализа на практиката на признавање на академски дипломи, неформално и искуствено учење (ППУ), признавање на стручни квалификации и квалификации од пред Болоњскиот процес. Литванските експертки Кристина Суткуте од Центарот за процена на квалитетот во високото образование и Сандра Кварациејиене од Министерството за економија и иновации, заедно со колегите од Министерството за образование и наука, претставници од високообразовните институции (ВОИ), секторските комисии, ENIC/NARIC канцеларијата, и разни други засегнати страни ги разгледуваа тековните практики. Сите вклучени страни едногласно се согласија дека анализата што ќе произлезе од овие дискусии ќе претставува солидна основа за иницирање на внатрешни дискусии за понатамошно развивање на системот за признавање. Се изработија два тематски извештаи со препораки: извештај за признавање на регулирани професионални квалификации и извештај за признавање на академски дипломи, неформално и искуствено учење (ППУ), стручни квалификации и квалификации од пред Болоњскиот процес.

 

 

 Фотографии: Состаноци со различни засегнати страни со цел собирање информации и вршење проценка

 

Напредокот на компонентата 2 продолжи преку активноста 2.2.3. Примарната цел на компонентата 2 е да се зајакне имплементацијата и капацитетите на Националната рамка на квалификации (НРК) во согласност со рамката за ОК. Активноста 2.2.3 има клучно место во оваа компонента бидејќи се фокусира на развивањето стандарди за квалификации за различни професии.

Целта на четвртата мисија во рамките на активноста 2.2.3 што се одржа од 12 до 16 јуни 2023 г., беше да се координира изработката на нацрт-стандардите за квалификации за наставници од основно и средно образование, педагог и за секторот туризам и угостителство, во согласност со Законот за НРК и постоечките добри практики во земјите членки. Експертите од Литванија и Франција: доц. д-р Даива Лепаите, проф. д-р  Лина Каминскиене, Алан Анри и Изабел Фрошо одржаа средби со претставници на ВОИ, Бирото за развој на образованието, Здружението на наставници и МОН, и дискутираа за нацрт-верзијата на стандардите за квалификација. Состаноците резултираа со дополнителни согледувања кои во комбинација со корисните препораки и совети на експертите, може да водат кон дополнително прилагодување на содржината на стандардот за да одговори на напредокот кај областите и потребите на секторите.

Фотографии: Состаноци помеѓу експертите од ЗЧ и ЗК за развивање дискусија во однос на стандардите за квалификација

Кон средината на раздвижениот месец јуни, Твининг проектот достигна клучна фаза преку организирањето на седмиот состанок на Управниот одбор. Претседавач на состанокот беше г-ѓа Агне Кудараускиене, лидер на проектот од Литванија, а оваа средба беше повод за проценка на напредокот на проектот од претходниот квартал. Насочувајќи го текот на состанокот, г-ѓа Лаура Цана - раководител на Секторот за меѓународна соработка и советник во кабинетот за образовни политики во Министерството за образование и наука, упати топло добредојде. Во нејзиното обраќање таа ја истакна важноста на проектот и неговото директно значење за севкупниот развој на образованието во земјата. Во текот на состанокот, г-ѓа Јолита Буткиене во својство на ПТС од ЗЧ го претстави шестиот квартален извештај, притоа давајќи преглед на спроведените активности и резултати. Имено, вклученоста на 260 претставници од МОН, ВОИ, СОО и други релевантни институции го истакнува влијанието што проектот го има. 26 експерти од ЗЧ предводеа различни иницијативи што доведоа до успешна реализација на 10 проектни настани како што се работилници, фокус-групи и настани за претставување на политиките. Експертите од ЗЧ посветија вкупно 125 работни денови за таа цел, што резултираше со изработка на 17 извештаи кои опфаќаат преглед на состојбата, анализи, препораки и анкети. Лидерот на проектот Борчо Алексов, помладите лидери на проектот Мишел Хуп (Франција) и Јанез Дамјан (Словенија), како и лидерот на компонента Одета Купетиене (Литванија) ги информираа присутните за напредокот на проектот.

 Во периодот што претстои, плановите за проектот се подготвени за значително проширување. Предвидени се 34 мисии на ЗЧ, распоредени во рамките на 9 проектни активности. Овој патоказ ги одразува посветеноста и заложбите на сите вклучени страни во однос на визијата на проектот. Членовите на Управниот одбор ги одобрија шестиот квартален извештај и следниот оперативен план.

 

Овој билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на Твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.

 
 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar