Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен повик за избор на носител на платен промет, преку кој ќе се плаќа субвенционираниот студентски оброк

Јавен повик за избор на носител на платен промет, преку кој ќе се плаќа субвенционираниот студентски оброк

 

Согласно член 3-а од Законот за субвенциониран студентски оброк („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/2020, 150/2021, 251/2022 и 91/2023)., министерството за образование и наука објавува

  

Јавен  повик за избор на носител на платен промет, преку кој ќе се плаќа субвенционираниот студентски оброк

 

За спроведување на одредбите на Законот за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на носител на платен промет, преку кој ќе се плаќа субвенционираниот студентски оброк и тоа согласно следните критериуми кои треба да ги исполнува носителот на платен промет:

1) да е банка кој добила согласност за вршење платен налог во согласност со закон;

2) да ја спроведе набавката и персонализацијата на дигиталните картички со кои ќе се плаќа субвенционираниот оброк;

3) да ги опслужува корисниците во рамките на постојното софтверско решение на банката или, доколку развива ново, за истото да не му наплати на Министерството;

4) да ги води бесплатно сметките на корисници на субвенциониран студентски оброк;

5) да овозможи поддршка во врска со дигиталната картичка за субвенциониран студентски оброк во рамките на редовните служби за грижа за корисници на банката;

6) провизијата по трансакција да биде на товар на трговецот во рамките на редовните услови на банката по кои веќе работи трговецот кој има ПОС терминал на банката;

7) да обезбеди и дополнителна резерва на дигитални картички, за уништени, украдени и сл. и

8) да овозможи користење дигитална картичка само во периоди и за намена уредени со овој закон.

Јавниот повик трае 15 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Министерството.

По изборот на носител на платен промет, Министерството и носителот на платниот промет склучуваат нефинансиски договор.

 

Министерство за образование и наука     

 

 

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar