Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Учениците од Кичево и Пласница преку активности ги рушат меѓуетничките бариери

Учениците од Кичево и Пласница преку активности ги рушат меѓуетничките бариери

 

Учениците од Кичево и Пласница преку активности ги рушат меѓуетничките бариери

 

 

Со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, основните училишта „Фаик Коница“ од Кичево и „Јунус Емре“ од Пласница изминатиов период реализираа низа заеднички активности за меѓуетничка интеграција.

 

На средбите, на кои дискусијата се одвиваше на македонски, албански и турски јазик, се одржаа вкупно шест активности во рамки на кои беа вклучени вкупно 72 ученици и 14 наставници од  двете училиште.

 

 

Учениците, покрај меѓусебното запознавање и учењето за почитувањето на различните етнички одлики на овие работилници, учеа и за штетните последици од пушењето, за улогата и значењето на здравата храна и правилната исхрана. Беа реализирани и ликовна работилница, како и математички квиз. Учениците од различните етнички заедници, во меѓусебна соработка истражуваа и учеа за природните извори на енергија, како и за човековото тело.  

 

Основната цел на грантовите кои секоја година ги доделува МОН е спроведување на активности преку кои се негуваат хармонични односи, кои се темелат на почитување на разликите и промовирање на мултиетничките, мултикултурните и интеркултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима. На тој начин учениците кои говорат и учат на различни наставни јазици, меѓусебно се поврзуваат преку бројни наставни и воннаставни активности. Заедно учат, се дружат и создаваат пријателства.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar