Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Реализација на проекти за меѓуетничка интеграција, со грантови добиени од МОН

Реализација на проекти за меѓуетничка интеграција, со грантови добиени од МОН

 

Реализација на проекти за меѓуетничка интеграција, со грантови добиени од МОН

 

Учениците од ООУ „Блаже Конески“-Велес и ООУ „Рајко Жинзифов“-Велес, Горно Оризари ја спроведоа активноста „Се дружиме, твориме, создаваме и заеднички рака си подаваме”

Учениците од прво одделение од ООУ„Блаже Конески“ и ООУ„Рајко Жинзифов“ од Велес заедно со наставниците од овие две училишта ја спроведоа активноста ,,Се дружиме, твориме, создаваме и заеднички рака си подаваме  со грантова поддршка од Министерството за образование и наука за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието. За учениците не беше никаква пречка што зборуваат на различен јазик (македонски и босански) за да се дружат и учат заедно, користејќи ги двата наставни јазика.

Учениците по пат на ждрепка се поделија во повеќе групи и секоја група работеше во посебно катче. Групите беа балансирани (по пол и по припадност на јазична заедница). Со катчињата беа опфатени сите предмети кои се изучуваат во прво одделение (ликовно, музичко, математичко, литературно, општествено, природно-научно катче и катче за физика култура). Секоја активност беше завршена со изработка на конкретен продукт. Активностите овозможуваа соработка и интеракција меѓу учениците, истите беа креативни,  иновативни и одржливи, односно предизвикува задоволство кај учениците  и постои можност за повторливост, со што во целост беа исполнети стандардите за интеркултурализам. 

 

Основната цел на грантовите кои секој година ги доделува МОН е спроведување на активности преку кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите промовирање на мултиетничките, мултикултурните и интеркултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент. На тој начин учениците кои говорат и учат на различни наставни јазици, меѓусебно се поврзуваат преку бројни наставни и воннаставни активности. Заедно учат, се дружат и создаваат пријателства.

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar