Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Честитка од министерот Шаќири по повод 24 мај

Честитка од министерот Шаќири по повод 24 мај

 

Честитка од министерот Шаќири по повод 24 мај

 

 

По повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј упатувам честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија кои го почитуваат и празнуваат нивниот лик и дело.  

 

Светите браќа имале непроценливо влијание врз описменувањето на словенските народи и со тоа придонеле за нивно културно и духовно просветлување и развој.

 

Нивната мисија трае и ден денеска, и ќе продолжи да трае, затоа што на истата се обврзуваат нови поколенија кои ги промовираат и шират вистинските вредности на едукацијата, културата и традицијата, како основи за мирен и поквалитетен живот.

 

Слава им на големите мислители и дејци, Светите Кирил и Методиј!

 

 

Министер за образование и наука

Јетон Шаќири

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar