Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен оглас за рецензенти на учебници

Јавен оглас за рецензенти на учебници

 

Јавен оглас за рецензенти на учебници

 

Врз основа на член 13 и член 16 став 1 а согласно Упатството за спроведување на постапка за давање одобение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование и Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапка за давање одобение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование, директорот на Педагошката служа, распишува

 

Јавен оглас
за рецензенти на учебници

 

1. Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба,  ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2.  Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

1. Англиски јазик (прв странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

2. Француски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

3. Француски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

4. Француски јазик (втор странски јазик) за IX одделение на деветгодишно основно образование

5. Руски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

6. Руски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

7. Руски јазик (втор странски јазик) за IX одделение на деветгодишно основно образование

8. Германски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

9. Германски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

10. Германски јазик (втор странски јазик) за IX одделение на деветгодишно основно образование,

 

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),  
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-
потврда за работно искуство издадена од АВРСМ
-потврда од установата во која е вработен.

Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е  26.05.2023 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 

 

[ среда, 17 мај 2023 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar