Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тим

Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тим

 

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

 

Повик за искажување на јавен интерес

за  формирање на авторски тим за  изработка на ракопис за учебник  за III година средно стручно четиригодишно образование

 

Авторскиот тим ќе се формира  за следниот наставен предмет:

 

1.

Македонски јазик и литература  за III година средно стручно четиригодишно образование,

 

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим до архивата на Педагошката служба – ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54 - Скопје, заклучно со 29.03.2023 година. (пријавата може да се преземе од веб – страната на МОН – www.mon.gov.mk).

 

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

 

уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

 

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

 

[ четврток, 16 март 2023 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar