Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Решение за продолжување на рокот на Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование бр.26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година

Решение за продолжување на рокот на Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование бр.26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година

 

               Врз основа на член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/2010 и 51/2011) и

Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование бр.26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година и Решението бр.26-329/1 од 06.02.2023 година за продолжување на рок на Конкурс за  издавање на учебници во деветгодишно основно образование бр.26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година, Директорот на Педагошката  служба, го донесе следното:

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

за продолжување на рокот на Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование бр.26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година 

 

                1.        СЕ ПРОДОЛЖУВА рокот за доставување на ракописите за учебници  утврден во точката 2.1 од Конкурсот за  издавање на учебници во деветгодишно основно образование бр.26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година и точката 1. од диспозитивот на Решението бр.26-329/1 од 06.02.2023 година за продолжување на рок на Конкурс за  издавање на учебници во деветгодишно основно образование бр.26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година.

               2.      Рокот за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 13.03.2023 година

               3.       Ракописите за учебници кои нема да бидат доставени во рокот утврден во  точката 2. од диспозитивот на ова Решение, ќе бидат дисквалификувани.

               4.      Решението е составен дел на Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование бр. 26-1662/1 објавен на ден 07.12.2022 година.

               5.      Решението влегува во сила со денот на донесувањето и истото ќе се објави  на веб страната на Министерството и во медиумите.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar