Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за курсеви по германски јазик во Баварија за 2023 година

Стипендии за курсеви по германски јазик во Баварија за 2023 година

 

Амбасадата на  Република Северна Македонија во Берлин известува за можноста за добивање на стипендии за летни курсеви по германски јазик во Сојузната покраина Баварија, Сојузна Република Германија во 2023 година.

Стипендиите за летни курсеви по германски јазик  (BAYHOST) во 2023 година ги покриваат трошоците за учество на курсот, сместувањето и исхраната.

Студенти и постдипломци од Средна, Источна и Југоисточна Европа можат да аплицираат за курс по германски јазик BAYHOST. Во моментот на аплицирање, апликантите треба да имаат завршено најмалку два цели семестри на својот високообразовен институт, соодветно да докажат и да имаат познавање на германски јазик на ниво Б1. Македонските апликанти мора да имаат државјанство на Република Северна Македонија

Апликантите треба да ги испратат сите документи преку Online -  Формулар  до BAYHOST најдоцна до 21 март 2023 година.

 Дополнителни информации за курсевите и процесот на аплицирање се достапни на веб страната и фејсбук профилот на BAYHOST.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar