Амбасадата на Р.Северна Македонија во Токио известува за можноста за добивање на стипендија од страна на Matsumae International Foundation за млади истражувачи кои бараат можности за истражување во Јапонија во различни области, при што приоритет се дава на природните науки, медицина и инженерство.
Од нејзиното основање во 1979 година, оваа фондација има покането во Јапонија околу 870 истражувачи од повеќе од 120 земји во светот.
Стипендијата се однесува за период од три до шест месеци, во периодот меѓу април 2024 и март 2025 година.
Рокот за пријавување е од 1 април 2023 година до 1 јуни 2023 година.