Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Успешен старт на второто полугодие од учебната 2022-2023, продолжува наставата со физичко присуство, испораката на нови учебници и реализацијата на низа капитални инвестиции

Успешен старт на второто полугодие од учебната 2022-2023, продолжува наставата со физичко присуство, испораката на нови учебници и реализацијата на низа капитални инвестиции

 

Успешен старт на второто полугодие од учебната 2022-2023, продолжува наставата со физичко присуство, испораката на нови учебници и реализацијата на низа капитални инвестиции

 

Денеска започна второто полугодие од учебната 2022-2023 година. Со одложен старт од неколку дена, согласно проценката на МОН и на Владата дека така училиштата подобро ќе се подготват за преостанатиот дел од годината, наставата со физичко присуство започна во сите општини и училишни објекти каде се одвиваше и во 2022та.

На сите ученици им посакувам успешно продолжение на образовниот процес. Многу нови знаења, вештини и лесно надминување на предизвиците на патот кон надградувањето и остварувањето на личниот потенцијал. На наставниците им посакувам успешна и креативна настава и максимална заложба и посветеност кои оние кои треба да го предводат општеството во иднина.

Од позиција на министер за образование и наука можам да ветам дека целосна заложба за подобрување на сите аспекти на воспитно – образовниот систем. Како клучни приоритети ќе ги наведам процесите за продолжување на тековните и отпочнување на низа нови инфраструктурни инвестиции во општините каде се нотирани најголеми потреби од вложувања, а во над 100 училишта во сите општини ќе се подобри ИТ инфраструктурата и ќе се изградат пристапни рампи. Ќе продолжи испораката на веќе одобрените и набавката на нови учебници за основното и средното образование. За наставниот кадар ќе продолжи процесот на професионален развој, преку тековно спроведување на обуките предвидени во планот за 2023 година, за надградба на нивните знаења и вештини во различните подрачја.

Условите за едукација се подобруваат и тоа како најголем интерес на младите, останува да биде наша главна цел.

Среќно во второто полугодие!

Министер за образование и наука

Јетон Шаќири

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar