Министерство за образование и наука

  / Стипендии / Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2022-2023

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2022-2023

 

Министерството за образование и наука информира дека објавени се резултатите од  конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните стручни училишта за учебната 2022-2023 и истите може да се погледнат на следниот линк.

Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 2.1.2023 до 16.1.2023 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. 

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следните денови.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.   

 

 

Стипендии

Back to top
Close Offcanvas Sidebar