Секој добитник на стипендија го симнува и пополнува во ТРИ примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка го доставува до МОН, директно преку писарницата во министерството (документите може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта - препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), од 2.1.2023 година до 16.1.2023 година.
Одбиените кандидати (учениците кои не се наоѓаат на објавените списоци) ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.
За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.
Стипендии за социјална поддршка на ученици
Стипендии за ученици – деца без родители
Стипендии за ученици со посебни потреби
Стипендии за талентирани ученици – природни и технички науки
Стипендии за талентирани ученици – спортисти
Стипендии за талентирани ученици – уметници
Стипендии за ученици запишани во дуални паралелки
Стипендии за ученици запишани во тригодишно стручно образование
Стипендии за ученици од градежно – геодетска струка
Стипендии за ученици од машинска струка
Стипендии за ученици од текстилно - кожарска струка
Стипендии за ученици од угостителско – туристичка струка
Стипендии за ученици од земјоделско – ветеринарна струка
Стипендии за ученици од електротехничка струка