Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Волонтери на Мировниот корпус ќе соработуваат со девет основни и две средни училишта

МОН: Волонтери на Мировниот корпус ќе соработуваат со девет основни и две средни училишта

 

МОН: Волонтери на Мировниот корпус ќе соработуваат со девет основни и две средни училишта

 

Нова група волонтери на американската федерална агенција Мировен корпус почнува со работа во Република Северна Македонија. Дел од волонтерите кои денеска дадоа свечена заклетва, ќе соработуваат со девет основни и две средни училишта, во рамки на Програмата за англиски јазик и инклузија. Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, заедно со амбасадорката на САД во РСМ Анџела Агелер и директорката на Мировниот корпус во Македонија Дебора Конер, посакаа и овие волонтери да продолжат со посветеноста на нивните претходници да даваат придонес во напорите да се мотивираат учениците да напредуваат низ процесот на образование.

 

„Волонтерите заедно со наставниците и професорите по англиски јазик ќе соработуваат со цел унапредување на наставата по англиски јазик, како на самите часови, така и во многубројни дополнителни активности како клубови и кампови, спортски активности, работилници за животни вештини, проекти за подобрување на училишата и обуки на наставниот кадар. Улогата на волонтерите во училиштата е особено важна сега, после еден тежок период во кој пандемијата имаше силно влијание врз образованието и младите луѓе“, рече заменик министерот Алиу.

 

 

Соработката со волонтерите на Мировниот корпус датира од 1996 година, а е официјализирана со потпишувањето на Меморандум во 2014 година.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar