SMART4ALL
Трет отворен повик за Крос-домен експерименти за трансфер на технологија (CTTE)
|
|
Краен рок за аплицирање |
Јануари 17, 2023 во 17:00 CET |
Отворен за |
Универзитети/академски институции, Мали и средни претпријатија (МСП) |
Придобивки |
Максимално финансирање по конзорциум: до 80,000€ евра |
Повеќе на |
|
Submit application |
https://app.getonepass.eu/opportunities/smart4all-ctte |
SMART4ALL ве поканува да се номинирате за вториот отворен повик на CTTE. Наградите се дел од програмата SMART4ALL која е поддржана од Европската унија во рамките на Хоризонт 2020.
За Крос-домен Експериментите за Трансфер на Технологија (CTTE)
Крос-домен експериментите за трансфер на технологија (CTTE) се краткорочни (9 месеци) експерименти со фокус на една од четирите дефинирани вертикали (дигитализиран транспорт, дигитализирано земјоделство, дигитализирана околина и дигитализиција на сe). CTTE ќе дадат можност за формирање на синергија, со цел да ги забрзаат проектите ориентирани кон производи и да понудат насоки кон успешна комерцијализација на нови CLEC CPS и IoT технологии.
Smart4All ќе селектира 4 Pathfinder Application Experiments (PAEs) врз основа на селективен процес во овој трет а воедно и последен отворен повик.
Кој може да аплицира за (CTTE)
Конзорциумите се состојат од три различни субјекти од најмалку две различни земји, вклучувајќи еден академски/индустриски партнер кој дејствува како давател (понудувач) на технологија и индустриски партнер кој дејствува како примател (побарувач) на технологија и еден партнер за индустриска продукција за проширување на синџирот на вредности. Сите партнери треба да аплицираат заедно како конзорциум преку едноставната форма за апликација.
Конзорциумот мора да го содржи следниов тип на апликанти:
-Универзитети или академски институции, само како понудувач на технологија
-Мали и средни претпријатија, помалку од 500 вработени и годишен обрт под 100М EUR
Конзорциумот може да биде составен на следниот начин:
Состав на конзорциум |
Ентитет 1: Понудувач на технологија Софтверски интегратори |
Ентитет 2: Побарувач (примател) на технологија |
Ентитет 3: Производител |
Тип на ентитет |
Универзитети и други академски институции |
Индустриски (Мало и средно претпријатие или малку поголема компанија) |
Индустриски (Мало и средно претпријатие или малку поголема компанија) |
Индустриски (Мало и средно претпријатие или малку поголема компанија) |
Водечкиот партнер мора секогаш да има статус на индустриски партнер (МСП или малку поголема компанија).
Дополнително, бидејќи една од целите на SMART4ALL е поддршка на дигиталната трансформација главно во Европските земји што не се застапени во европските шеми за финансирање, преку прекугранични експерименти, ќе се даде приоритет на конзорциумите со најмалку една членка од една од земјите на ЈИЕ (Албанија , Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Словачка, Словенија и Србија) или Украина (освен Грција) за да бидат подобни.
Апликантите вклучени во конзорциумите НЕ можат да вклучуваат SMART4ALL партнери.
Партнерите на CTTE ќе аплицираат за финансиска поддршка со доставување на еден заеднички предлог што го опишува CTTE и неговиот технички план како и детална проценка на трошоците поврзани со CTTE.
· Финансиска поддршка за CTTE
До EUR 80,000.
· Финансиска поддршка по CTTE партнер
Секој CTTE партнер може да добие максимум EUR 60,000.
Финансиската поддршка ќе биде исплатена на водечкиот партнер, кој потоа ќе ги распредели средствата на другите партнери според распределбата на ресурсите утврдена во предлогот.
Финансирањето ги ограничува другите европски проекти
Според правилата на Европската комисија, финансиската поддршка нема да биде доделена на поединечни правни лица кои веќе добиле повеќе од 100.000 евра преку отворени повици (Финансиска поддршка на трети страни = FSTP = каскадно финансирање) од H2020 I4MS ((https://i4ms.eu/) и SAE (https://smartanythingeverywhere.eu/) проекти.
Matchmaking & Partner Service
За барање партнери во организацијата и услуги за спојување, посетете ја веб страната:
https://matchmaking.smart4all-project.eu/
Како да аплицирате?
Прирачник за апликанти и најчесто поставуваните прашања се достапни на SMART4ALL SMART4ALL Application Kit (https://smart4all-project.eu/opencalls-apply-now/)
Линк за испраќање на предлозите: https://app.getonepass.eu/opportunities/smart4all-ctte
Краент рок за достава на предлозите за CTTE е Јануари 17, 2023 во 17:00 CET.
За проектот SMART4ALL
SMART4ALL е финансиран од програмата на ЕУ- Horizon 2020 и има за цел да стане центар за дигитални иновации на цела Европа. Тој опфаќа конзорциум од 25 партнери од 16 земји меѓу кои и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) од Тетово.
SMART4ALL Digital Innovation Hub гради капацитети меѓу европските засегнати страни преку развој на само оддржани, преку-гранични експерименти кои пренесуваат знаење и технологија меѓу академијата и индустријата. Проектот таргетира кориснички компјутерски системи со ниска потрошувачка на енергија и Интернет на Нешта (IoT), како и комбинира збир на уникатни карактеристики кои се здружуваат под заедничка визија на различни култури, различни политики, различни географски области и различни домени на апликација.
Може да се регистрирате за SMART4ALL списанието #newsletter на следниот линк: https://smart4all-project.eu/joinus/ за да ги добивате најновите вести и соопштенија за следните повици.
Сите регионални и национални организации кои се заинтересирани да ги следат отворените повици за финансирани на експерименти, можат да го направат тоа преку посета на официјалната веб страница: http://www.smart4all-project.eu или да го следат проектот преку некоја од следните социјални мрежи:
page: https://www.linkedin.com/SMART4ALLH2020 group: https://www.linkedin.com/groups/12369183/
https://twitter.com/smart_4all