Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири по повод отворени денови на Институтот за македонски јазик: Взаемната соработка ќе продуцира стручни кадри кои ќе бидат столб на македонскиот јазик и култура

Шаќири по повод отворени денови на Институтот за македонски јазик: Взаемната соработка ќе продуцира стручни кадри кои ќе бидат столб на македонскиот јазик и култура

 

Шаќири по повод отворени денови на Институтот за македонски јазик: Взаемната соработка ќе продуцира стручни кадри кои ќе бидат столб на македонскиот јазик и култура

 

 

„Јазикот претставува еден од клучните елементи за историскиот континуитет на една нација. Зад секој пишан збор, зад секоја напишана книга се крие приказната на оние кои живееле пред нас, и се овековечуваат важните настани во државата", порача министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на денешната манифестација по повод Отворени денови на Институтот за македонскиот јазик.

 

Министерот Шаќири во своето обраќање истакна дека вложувањето во младите и во образовниот систем бара взаемна соработка.

 

„Постојаното негување бара и постојано заедничко вложување и соработка. Во таа насока особено среќен сум што функционира Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност каде заеднички поставуваме прашања, дебатираме и нудиме одговори, сè со цел унапредување на високото образование и интензивирање на  научно-истражувачката дејност. Воедно, од минатата година значително се зголемени износите на стипендиите, можност да конкурираат за стипендии и оваа година ќе имаат и студентите на втор и на трет циклус студии. Со сет политики и мерки ја поддржуваме научно-истражувачката работа и создаваме услови за мобилноста на наставниот кадар, а нашите заложби за поттикнување на академското образование се темелат на јасна претстава за важноста на човечкиот капитал во обликувањето перспективна иднина", рече Шаќири.

 

Додаде дека стратешка цел на Министерството за образование и наука и на Владата е поддршка на квалитетно и инклузивно високо образование и подобрување на студентскиот стандард.

 

„Нашите чекори водат кон една цел, а тоа е да изградиме систем кој обезбедува континуиран развој на високото образование и наука. Како институции на државата ние континуирано се трудиме на младите во Република Северна Македонија да им помогнеме да го изодат нивниот најважен пат кон академскиот свет", посочи министерот во своето обраќање.

 

Изрази задоволство од успешното работење на Институтот за македонски јазик.

 

 

„Здоволен сум што Институтот бележи континуиран напредок, и денеска има со што да се пофали. Ова е особено значајно за мотивираноста на студентите кои ја имаат најважната улога, а тоа е да продолжат да се грижат за опстанокот и развојот на нашиот јазик. Затоа, уверен сум дека Институтот ќе продолжи со посветеноста и со успешната подготовка на стручни кадри, кои ќе бидат столб на македонскиот јазик и култура", порача министерот Шаќири.

 

На настанот присуствуваше и се обрати и премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar