Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/19 и 110/19) и член 12 од Закон за Математичко-информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/18) и Правилник за начинот и поблиските критериуми за доделување на месечна стипендија на учениците во Математичко-информатичката гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/19), Министерството за образование и наука распишува
Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ за учебната 2022/2023 година Министерството за образование и наука за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии за учениците запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје во Република Северна Македонија. I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови: - да се редовни ученици во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ (од II или III година) - да имаат постигнато одличен општ успех на крајот на претходната учебна година; -да не се корисници на стипендија од други институции или фирми; -да се државјани на Република Северна Македонија. II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ Учениците кои ги исполнуваат условите од
конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (Барање) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 28.09.2022 до 10.10.2022 година, од 08-16 часот.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ Учениците кои се пријавиле електронски потребно е да ги достават следните докименти:
Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од лична трансакциска сметка. Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, од 28.09.2022 до 10.10.2022 година од 08.00-16.00 часот, ги доставуваат документите утврдени во глава III од конкурсот. V. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА Висината на стипендијата ќе изнесува 3500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 10.11.2022 година на сајтот mon.gov.mk и во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје. Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат правата и обврските. Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 21.11.2022 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. |
Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ за учебната 2022/2023 година