Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Се зајакнува меѓуинституционалната соработка за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Се зајакнува меѓуинституционалната соработка за поголема безбедност на децата во сообраќајот

 

Се зајакнува меѓуинституционалната соработка за поголема безбедност на децата во сообраќајот

 

Поголема институционална заложба и меѓусебна соработка заради зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот. Ова е предвидено со декларацијата која денес на денот кога се одбележуваат 60 години од основање на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ја потпишаа неколку министерства, меѓу кои и Министерството за образование и наука.

 

Покрај МОН, и министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за транспорт и врски и за локална самоуправа се обврзуваат за грижа за зголемување на безбедноста на децата како најранлива категорија учесници во сообраќајот.

 

Секоја од институциите во рамки на своите надлежности ќе ги интензивира постојните активности, но и со нови проекти и мерки даде поголем придонес кон безбедно движење на децата како пешаци, нивно безбедно превезување, намалување на бројот на сообраќајните незгоди и слично.

 

Декларацијата е потпишана во рамки на стручниот собир „Безбедни деца – безбедна иднина“ кој се одржа денеска во Скопје, во организација на РСБСП. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar