Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници за основно образование е до 20 мај

Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници за основно образование е до 20 мај

 

Министерството за образование и наука информира дека рокот за доставување на ракописи во рамки на конкурсот за издавање на учебници за предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование за кои се изработени нови наставни програми е продолжен до 20 мај. Сите останати конкурсни услови остануваат непроменети.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

Повеќе детали околу останатите критериуми и начинот на аплицирање може да се обезбедат на следниот линк

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar